6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГерманскиот ветеран Томи Хас го совлада Федерер

Германскиот ветеран Томи Хас го совлада Федерер

Германскиот ветеран Томи Хас забележа сензационална победа над Роџер Федерер во второто коло на турнирот во Штутгарт.

Триесет и девет годишниот Хас, кој на АТП листата се наоѓа на 302 место го победи Швајцарецот во три сета 2:6, 7:6, 6:4.

Федерер, по двомесечна пауза се врати на тениските терени, на својата омилена подлога, но како прв носител не успеа да ја оправда фавористската улога.

Тој сигурно го доби првиот сет, откако направи брејк уште на стартот, потоа го загуби на драматичен начин тај брејкот на вториот сет. Во третиот сет Федерер не делуваше добро, што Хас го искористи успеа еднаш да му го одземе сервисот на противникот и го доби мечот.

Хас во наредното коло ќе игра против Миша Зверев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП