8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИталијанскиот тренер Џани де Бјази повеќе не е селектор на Албанија

Италијанскиот тренер Џани де Бјази повеќе не е селектор на Албанија

Италијанскиот тренер Џани де Бјази повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Албанија.

„Долго размислував и донесов одлука да заминам, но зад себе оставам добар и формиран тим“, рекол Де Бјази на прес конференцијата.

Италијанецот шест години ја предводеше Албанија, под негова команда е остварен најголемиот успех на репрезентацијата, пласман на Европското првенство во Франција.

Де Бјази во 2015 година доби албанско државјанство.

Албанија во тековните квалификации се наоѓа во група со Македонија. По шест одиграни натпревари Албанија има девет бодови, седум помалку од Италија и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП