13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТеодосиќ добил рекордни 12 милиони евра

Теодосиќ добил рекордни 12 милиони евра

ЦСКА Москва му понудила на Милош Теодосиќ тригодишен договор вреден 12 милиони евра, пренесува порталот „Eurohoops“. Доколку ја прифати понудата, српскиот репрезентативец ќе стане најплатениот играч во историјата на европската кошарка.

Во моментов најплатен играч во Европа е Алексеј Швед, кој во Химки годишно заработува 3,4 милиони евра.

Милош Теодосиќ веќе неколку месеци е тема на шпекулации во новинарскиот свет. Нему му истече договорот со ЦСКА, а се претпоставува дека ќе ја продолжи кариерата во НБА лигата каде би може за тригодишен договор да добие 25 милиони долари.

„Сега сакам да се одморам и да решам што понатаму во кариерата. Во моментов медитирам“, рекол Теодосиќ.

Американските медиуми објавија дека за услугите на плејмејкерот се заинтересирани Бруклин, Сакраменто и Феникс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП