27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранција ја совлада Англија (видео)

Франција ја совлада Англија (видео)

Франција и Англија, во вторникот, одиграа пријателски натпревар кој им беше посветен на жртвите од терористичките напади во Манчестер и Лондон.

Фудбалерите пред почетокот на мечот на теренот на „Стадионот Франција“ излегоа со песната на култниот рок бенд Оејзис „Don`t Look Back in Anger“, во чест на жертвите од терористичките напади во Англија.

Поради тоа беше изменет и редоследот на интонирањето на химните, најпрвин беше изведена англиската, а потоа француската химна.

Англија прва постигна гол преку најдобриот стрелец во Премиер лигата, Кејн, потоа израмни Умтити, а до полувремето Франција направи целосен пресврт со голот на Сидибе.

На почетокот на вториот дел Англија доби пенал, а Франција остана со играч помалку бидејќи црвен картон доби Варан. Кејн го реализира пеналот за 2:2.

Сепак и со играч помалку Франција успеа да победи. Стрелец на третиот гол беше младиот напаѓач на Борусија Дортмунд, Дембеле.

Интересно играчите кои ги постигнаа головите за Франција, по прв пат беа стрелци во дресот на репрезентацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП