2 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо затајувал данок

Роналдо затајувал данок

Шпанскиот весник Марка пишува дека против фудбалерот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, обвинителот Позуело де Аларкон покренал постапка за затајување данок.

Во тужбата се наведува дека Кристијано Роналдо ги искористил „дупките во законот“ слично како што тоа го напаравил неговиот колега од Барселона, Лионел Меси, за да не плати данок.

Кристијано Роналдо, наводно, ја оштетил шпанската држава за сума од 14 милиони евра, избегнувајќи да плати данок во периодот од 2011 до 2014 година.

Во обвинението пишува дека Португалецот свесно избегнал да плати данок, исто како што тога го направил Меси, кој за ова дело неодамна беше осуден.

Доколку обвиненијата се точни, на Кристијано Роналдо му се заканува сериозна казна. Меси доби две години затвор, но според шпанските закони, за казна до две години со финансиска надомест осудениот не мора да оди во затвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП