4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради повреда Велко Маркоски нема да игра против Украина и Чешка

Поради повреда Велко Маркоски нема да игра против Украина и Чешка

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес, за последните два натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство во Хрватска нема да може да смета на услугите на Велко Маркоски.

Столбот во одбраната, Велко Маркоски, повреден дојде на собирот на националниот тим, лекарите не успеаја да го оспособат за последните две средби, поради што селекторот Гонзалес го ослободи од обврските.

Дополнителен проблем за Шпанецот претставува и повредата на Филип Миркуловски, кој тренира под посебен режим, но се очекува да биде подготвен за игра.

Како што најави селекторот, репрезентацијата вечерва ќе работи во комплетен состав бидејќи ќе пристигнат од Шпанија капитенот Кирил Лазаров и голманот Борко Ристовски.

Македонија на 15 јуни ќе гостува во Украина, а на 18 јуни во последното коло ќе ја пречека Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП