22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОИран обезбеди пласман на Мундијалот во Русија

Иран обезбеди пласман на Мундијалот во Русија

Фудбалерите на Иран изборија пласман на Светското првенство во 2018 година. Иран е третата селекција по домаќинот Русија и Бразил, кој се пласира на Мундијалот.

Иран, во Групата А, го совлада Узбекистан со 2:0, со головите на Азмун и Тареми и на два кола до крајот на квалификациите има 20 бодови на првото место, осум повеќе од третопласираниот Узбекистан.

Пласман од А групата на СП ќе избори уште една репрезентација, а во моментов на второто место се наоѓа Јужна Кореја со 13 бодови.

Репрезентацијата на Иран во досегашниот тек од квалификациите нема примено ниту еден гол. Селектор на оваа селекција од 2011 година е поранешниот тренер на Реал, Португалецот Карлос Кеирош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП