3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВидеото ќе генерира 82% од интернет сообраќајот во 2021-ва

Видеото ќе генерира 82% од интернет сообраќајот во 2021-ва

Видеото ќе генерира 82% од интернет сообраќајот во 2021-ва година, покажува новата прогноза на „Cisco“. За споредба, во 2016-та година на видеото се отпаѓале 73%, пишува „Recode“.

Луѓето не само што гледаат повеќе видео онлајн, но тие гледаат и видео со подобар квалитет, што бара подобра брзина на интернет конекција. А оние кои претпочитаат платена телевизија или алтернативен интернет за гледање на содржините, генерираат два пати повеќе интернет сообраќај од оние кои се уште плаќаат за традиционална телевизија според „Cisco“.

Побарувачка има за сите видови на интернет видеа вклучувајќи содржина по барање, како „Netflix“, гледајќи во камери и традиционалните телевизиски опции достапни на интернет (IP VOD).

Видеото во живо се очекува да биде најбрзо растечкиот сегмент на интернет видеото, благодарение на новите предлози како „Facebook Live“ и емитувањето во живо на спортски настани во „Twitter“, како и предлозите на играчи како „AT&T“, „YouTube“ и „Hulu“.

Се очекува видеото во живо да порасне до близу 25 екзабајти (25 милијарди гигабајти), или околу 13% од интернет видео сообраќајот до 2021-ва година. За споредба, минатата година тој бил 1,6 екзабајти, или 3% од видео сообраќајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП