10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГризман останува на „Калдерон“ до 2022-ра година

Гризман останува на „Калдерон“ до 2022-ра година

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 2022 година, но не му дозволи на клубот да ја зголеми откупната клаузула, која остана 100 милиони евра.

Гризман долго време беше најавуван како нов играч на Манчестер Јунајтед, но реши да остане во Атлетико откако на „јорганџиите“ им беше потврдена забраната за трансфери во летниот преоден рок.

Францускиот напаѓач во наредните пет години ќе заработува околу 14 милиони евра годишно, што е за три милиони евра помалку од она што му го понуди Манчестер Јунајтед.

26-годишниот напаѓач стана најплатен играч на Атлетико и четврти најплатен во Шпанија, пред него се само Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Нејмар.

Гризман во кариерата има постигнато 83 гола на 160 натпревари во дресот на Атлетико. Тој меѓу „јорганџиите“ пристигна во 2014 година од Реал Сосиедад за 30 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП