12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃорчевска напредуваше на најновата ВТА листа

Ѓорчевска напредуваше на најновата ВТА листа

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорчевска, на ВТА листата ги бележи своите најдобри пласмани во сингл и дубл.

Ѓорчевска, во поединечна конкуренција, на ВТА листата напредуваше за пет позиции и се наоѓа на 170. место, додека во дубл таа е на 116. место.

Инаку, и на најновата ВТА листа прва во светот е Анжелик Кербер, иако Германката на Ролан Гарос беше елиминирана во првото коло. Втора е финалистката во Париз, Симона Халеп, а трета Каролина Плишкова.

Сензационалната победничка на Ролан Гарос, Јелена Остапенко, напредуваше 35 позиции и сега се наоѓа на 12. место на ВТА листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП