18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПатики на Џордан продадени за 190.000 долари

Патики на Џордан продадени за 190.000 долари

Патиките кои Мајкл Џордан ги носел во финалниот меч на Летните олимписки игри во Лос Анџелес, во 1984 година, се продадени за точно 190.372 долари.

Финалисти, на 10 август 1984 година, на кошаркарскиот турнир на ЛОИ беа САД и Шпанија. Џордан на тој натпревар носел сино-бели „Конверс“ патики.

Тие патики со автограм Џордан потоа му ги подарил на 11-годишно момче задолжено за собирање топки на кошаркарските натпревари, соопшти аукциската куќа Ес-си-пи Оукшенс, која ја организираше онлајн продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП