6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАндре Силва од Порто пристигнува во редовите на Милан

Андре Силва од Порто пристигнува во редовите на Милан

Кинеските милиони го направија Милан најактивниот клуб на пазарот во досегашниот тек од преодниот рок. „Росонерите“ го договориле трансферот на Андре Силва од Порто.

Алваро Мората и Андреа Белоти беа желбите на Милан за засилување на напаѓачката линија, но овие двајца беа прескапи за Милан, поради што клубот реши да издвои 38 милиони евра за 21-годишниот напаѓач на Порто, Андре Силва, кој минатата сезона постигна 21 гол на 44 натпревари.

Инаку, откупната клаузула во договорот на Андре Силва изнесуваше 60 милиони евра, но Порто реши да ја намали цената за да ги исполни условите од финансискиот ферплеј на УЕФА.

Андре Силва ќе потпише петгодишен договор со италијанскиот фудбалски великан и ќе стане четвртото засилување по Матео Мусакио, Франк Кеси и Рикардо Родригес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП