26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПромени меѓу првите 10 тенисери на АТП листата

Промени меѓу првите 10 тенисери на АТП листата

Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП), во понеделникот, ја објави новата ранг листа на која најмногу промени има на првите пет места.

Енди Марej се уште е светски број 1, иако не успеа да ги одбрани бодовите од ланското финале на Ролан Гарос.

По гренд слемот во Париз, најблиску до Марej е Рафаел Надал, кој на Ролан Гарос испиша нова страница во историјата на тенисот, откако стана првиот тенисер кој освоил двоцифрен број на титули на еден од четирите гренд слем турнири.

Марej има нешто повеќе од 2.600 бодови повеќе од Надал.

Трет на АТП листата е Стан Вавринка, која ја задржа својата позиција, а на четвртото место се наоѓа Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос (елиминиран во четвртфиналето од Доминик Тим) и прв пат по октомври 2009 година се најде на четвртото место.

Ѓоковиќ прв пат по март 2011 година не се наоѓа на првото или на второто место на АТП листата.

Веднаш зад Ѓоковиќ е Роџер Федерер кој има само 860 бодови помалку и можно е до Вимблдон да го престигне српскиот тенисер.

Шести во светот е Милош Раониќ, а на седмата и осмата позиција рокада направија Марин Чилиќ и Доминик Тим. Во Топ 10 уште се и Кеи Нишикори и Александар Зверев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП