6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерж Гнабри од Вердер се сели во Баерн

Серж Гнабри од Вердер се сели во Баерн

Германскиот репрезентативец Серж Гнабри од Вердер се сели во Баерн, соопштија клубот и фудбалерот.

„Чест ми преставува што ќе го носам дресот на Баерн. Се радувам на возбудливите времиња кои ми престојат“, напишал Гнабри на својот профил на Твитер.

Овој 21-годишен фудбалер од Штутгарт Кикерс во 2011 година се пресели во Арсенал, една година подоцна стана член на сениорскиот тим, но до 2015 година осигра само 10 натпревари за „топџиите“.

Една сезона потоа мина во ВБА како позајмен фудбалер, а на почетокот на минатата сезона се пресели во Вердер за сума од пет милиони евра.

Во Вердер блескаше на својата позиција, постигна 11 голови, што беше препорака за трансфер во најтрофејниот германски клуб.

Баерн ја искористи можноста и ја активира откупната клаузула од само 10 милиони евра за да го донесе во Минхен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП