28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСнајдер e рекордер според настапите во холандскиот дрес

Снајдер e рекордер според настапите во холандскиот дрес

Весли Снајдер, во петокот, стана рекордер според бројот на настапите за фудбалската репрезентација на Холандија.

Снајдер на квалификацискиот натпревар против Луксембург (5:0) по 131 пат го облече дресот на Холандија.

Претходниот рекорд беше во сопственост на голманот Едвин ван дер Сар.

„Рекордите постојат за да бидат срушени. Горд сум на својот наследник Весли Снајдер“, напишал Ван дер Сар на Твитер.

Поранешниот фудбалер на Ајакс, Реал и Интер за селекцијата на Холандија дебитирал на 30.април 2003 година против Португалија.

Инаку, Снајдер во петокот наполни 33 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП