3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШведска славеше над Франција со гол од половина терен

Шведска славеше над Франција со гол од половина терен

Неверојатниот кикс на францускиот голман Уго Љорис го обележа почетокот на шестото коло, во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство во Русија. Почетокот на колото го обележа и сензационалната победа на Андора во дуелот со Унгарија.

Шведска успеа да ја совлада Франција со 2:1 и по шест кола да се искачи на челната позиција во А групата со 13 бодови, колку што има и Франција.

На стадионот во Солна, каде пред три недели се играше финалето во Лига Европа, голманот на Франција, Љорис, во последните секунди од натпреварот направи неверојатен кикс и буквално и ја подари победата на Шведска. Гол од центарот на игралиштето постигна Тоивонен.

Претходно, Франција водеше од 37.минута со брилијантниот гол на Жиру, а шест минути подоцна по лошата реакција на Менди и Паје израмни Дурмаз.

На другите две средби во А групата Холандија со 5-0 славеше над Луксембург, додека Белорусија ја совлада Бугарија со 2-1.

Во Б групата, репрезентацијата на Португалија гостуваше во Латвија и победи со 3-0. Кристијано Роналдо ја продолжи голгетерската форма од Лигата на шампионите, ги постигна првите два гола, а конечниот резултат го постави Андре Силва.

Сигурна победа со головите на Џака и Шачири забележа Швајцарија на Фраските острови, додека Андора ја шокира Унгарија со 1-0.

Х групата го донесе дербито помеѓу Босна и Херцеговина и Грција кое заврши без голови, а Естонија загуби од Белгија 0-2. Стрелци на головите беа Мертенс во првото и Шадли во второто полувреме.

Кипар очекувано победи кај Гибралтар со 2-1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП