27 јуни, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал и Вавринка во борба за титулата на Ролан Гарос

Надал и Вавринка во борба за титулата на Ролан Гарос

Стан Вавринка и Рафал Надал, в недела, ќе се борат за титулата на вториот гренд слем во сезоната, Ролан Гарос. Вавринка ќе се обиде да стигне до својот втор трофеј, а Надал до јубилејната десетта титула во Париз.

Стен Вавринка во првото полуфинале, во пет сета, успеа да го совлада минатогодишниот финалист, актуелниот број 1 Енди Мари.

Швајцарецот победи со 6:7, 6:3, 7:5, 7:6, 6:1. Решавачки за конечниот победник беше четвртиот сет кој Вавринкса успеа да го добие во тај брејк, а потоа во петиот целосно го скрши отпорот на Британецот.

Неверојатен е податоткот дека Вавринка на крајот имаше 87 директни поени.

За разлика од Вавринка, Рафа Надал рутински успеа да го победи Австриецот Доминик Тим во три сета 6:3, 6:4, 6:0.

Надал во финалето ќе има можност да стане првиот играч во историјата на тенисот кој на еден гренд слем освоил двоцифрен број на титули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар