15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАндора ја совлада Унгарија

Андора ја совлада Унгарија

Фудбалската репрезентација на Андора оствари сензационална победа во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија. Во Б групата Андора славеше над Унгарија 1-0.

Една од најлошите фудбалски репрезентации во светот, од победата над Македонија пред 13 години, повторно успеа да запише победа во квалификациски натпревар.

Андора славеше над Унгарија со 1-0 со голот на фудбалерот на Санта Колома, Ребес.

Репрезентацијата на Андора веќе освои четири бода во овоие квалификации, откако во претходната рунда успеа да осигра нерешено против Фарските острови.

Инаку, Андора прв пат во својата историја, во една календарска година успеа да забележи дво победи, откако во февруари, во пријателски меч славеше во Сан Марино со 2-0. н.ц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП