18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAргентина славеше минимално во дуелот со Бразил

Aргентина славеше минимално во дуелот со Бразил

Големите фудбалски ривали Аргентина и Бразил денеска одиграа пријателски меч во Мелбурн, кој заврши со минимална победа на „Гаучосите“ од 1:0.

Хорхе Сампаоли со победа дебитираше на клупата на Аргентина, која славеше над Бразил по речиси четири и пол години.

Бразил, кој е лидер на табелата во јужноамериканските квалификации и кој веќе обезбеди пласман на Светското првенство во Русија, го доживеа првиот пораз по една година.

Натпреварот на „Крикет Граунд“ пред 95.000 гледачи го реши бекот на шпанска Севилја, Габриел Меркадо, кој во последните секунди од првото полувреме успеа да го совлада бразилскиот голман Вевертон.

Бразил имаше можност во 62. минута да израмни, но Габриел Жесус и Вилијан, наместо празниот гол погодија во дирекот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП