18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕА Спорт го објави тимот на сезоната во Ла Лига

ЕА Спорт го објави тимот на сезоната во Ла Лига

Официјалниот спонзор на шпанската Ла Лига, ЕА Спорт, го избра тимот кој ја одбележа сезоната 206/2017. Изненадување е што на списокот од 23 фудбалери го нема играчот на Реал, Лука Модриќ, а меѓу резервите е неговиот соиграч Марсело.

ЕА Спорт ги избирал фудбалерите кои влегоа во тимот на сезоната според статистичките параметри.

Нападот го предводат Кристијано Роналдо, Лео Меси и Луис Суарез, во средниот ред се Тони Крос, Бруно Соријано и Јаник Караско, во одбраната Дани Карвахал, Џерард Пике, Серхио Рамос и Фелипе Луис, а голман е Јан Облак.

Најдобрите 11 (4-3-3): Јан Облак – Дани Карвахал, Џерард Пике, Серхио Рамос и Фелипе Луис – Тони Крос, Бруно Соријано, Јаник Караско – Кристијано Роналдо, Лео Меси и Луис Суарез.

Резерви: Тер Штеген, Марсело, Диего Годин, Каземиро, Нејмар, Јаго Аспас, Антоан Гризман, Стивен Н’Зонзи, Ману Тригерос, Педро Леон, Иско, Кевин Принс Боатенг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП