Кинескиот гигант „Alibaba Group Holding“ прогнозираше раст на приходите од продажбата, кој ги надмина очекувањата на аналитичарите, со кое се противи на очекувањето дека овој раст ќе го забави темпото поради слабеењето на економијата, пишува „Bloomberg“.
Прогнозата на најголемата кинеска компанија за електронска трговија е за 45-49% скок на приходите за годината што завршува во март. Резултатите на компанијата до сега пак покажуваат како нејзините инвестиции во различни области надвор од нејзината главна. Акциите на „Alibaba“ во Германија, ја зголемија цената со 5,2% како резултат од веста.
„Alibaba“ и „Tencent Holdings“ кои доминираат соодветно во сферата на онлајн шопингот и социјалните мрежи, се упатија кон нови области – од облачни услуги до стриминг на музика и видео, во позадината на забавувањето на економијата. Истовремено „Alibaba“, која е основана од милијардерот Џек Ма, привлекува сé поголем дел од трошоците на компаниите за дигитална реклама.
„Нејзината пазарна оценка неодамна падна под онаа на „Tencent“, па прогнозата може да ја зголеми довербата во неа“, коментира Реј Жао, аналитичар на „Guotai Junan Securities“. „Ова ќе биде добра вест за цената на акцијата на компанијата, која може да скокне со 6 до 7 отсто на база на прогнозата“, додава тој.
Просечната прогноза на аналитичарите за растот на приходите е 35%, а очекувањата на „Alibaba“ ги надминуваат оние на 43 аналитичари анкетирани од „Bloomberg“.
„Alibaba“ инвестира милијарди долари во нови бизнис потфати во обид да се бори со зголемената доминација на социјалните мрежи и забавната индустрија.
Иако „Alibaba“ ги надминува очекувањата, инвеститорите остануваат загрижени за намалувањето на растот на кинеската економија и од напорите на „Tencent“ да ги привлекуваат рекламните средства на бизнисот. Во одговор „Alibaba“ се насочи кон нови пазари во помалите средини и бара нови извори на профит.