5 јули, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов тренер на Ѓоковиќ е Штепанек?

Нов тренер на Ѓоковиќ е Штепанек?

Чехот Радек Штепанек, некогаш осми на тениската АТП листа, е еден од главните кандидати за нов тренер на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на почетокот на мај ја раскина соработката со комплетниот стручен штаб, а по мастерсот во Рим објави дека негов тренер ќе биде прославениот Андре Агаси.

Сепак, иако беше присутен на Ролан Гарос, славниот Американец не е во можност целосно да ѝ се посвети на работата со српскиот тенисер. Агаси со Ѓоковиќ беше само за време на првата недела на Ролан Гарос.

Српскиот весник „Политика“ објави дека долгогодишното пријателство помеѓу Шташанек и Ѓоковиќ, односно фактот дека тие двајца често трениераат заедно може да доведе тие да почнат да соработуваат како играч и тренер.

Истиот извор наведе дека евентуалниот ангажман на Штешанек нема да значи и крај на соработката на српскиот тенисер со Андре Агаси.

Во меѓувреме, Ѓоковиќ со семејството пристигна во Белград каде ќе се подготвува за третиот гренд слем, Вимблдон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар