
Фудбалскиот клуб Беневенто првпат во клупската историја избори пласман во италијанската Серија А.


Фудбалскиот клуб Беневенто првпат во клупската историја избори пласман во италијанската Серија А.
Беневенто синоќа во баражот за влез во елитното италијанско друштво славеше со минимални 1:0 над Карпи. Првиот натпревар помеѓу двата тима заврши 0:0.
Голот кој значеше пласман во Серија А го постигна Георг Пушкаш во 32. минута.
Беневенто во својата досегашна историја најчесто се натпреваруваше во пониските рангови на италијанскиот фудбал, а деби сезоната во Серија Б ја заврши на петтото место, а потоа низ плејофот избори пласман во елитата.
Покрај Беневенто, од наредната сезона во Серија А ќе играат СПАЛ и Верона