19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар ја искачи Македонија на четвртото место на листата на ЕХФ

Вардар ја искачи Македонија на четвртото место на листата на ЕХФ

Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) по комплетирањето на сезоната 2016/17 го објави новото рангирање на европските земји во Лигата на шампионите.

На најновата листа Македонија, благодарение на историскиот успех на Вардар, ги мина Германија и Франција и се искачи на четвртата позиција.

На ранг листата сега единствено Унгарија, Шпанија и Полска се подобро рангирани од нашата земја.

Веднаш зад Македонија, на петтото место се наоѓа Франција, а меѓу првите 10 се уште Германија, Хрватска, Данска, Белорусија и Украина. Бодовите за рангирање на федерациите, ЕХФ ги пресметува според резултатите на клубовите во последните три сезони (2014/15, 2015/16 и 2016/17) и според нив потоа го одредува рангот на тимовите за наредната сезона – 2017/18. Во текот на наредната седмица, ЕХФ ќе ја објави и конечната листа на тимови за сезоната 2017/18.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП