7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБесник Хаси е новиот тренер на Олимпијакос

Бесник Хаси е новиот тренер на Олимпијакос

Албанскиот тренер Бесник Хаси е именуван за шеф на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Олимпијакос.

Поранешниот тренер на Андерлехт и Легија од Варшава потпишал со грчкиот клуб двегодишен договор.

„Доаѓам со големи очекувања, а прва цел ќе ни биде да се пласираме во Лигата на шампионите“, рекол Хаси.

Олимпијакос седум години по ред ја освојува шампионската титула во домашното првенство, но, сепак, сезоната му беше многу турбулентна бидејќи беа сменети тројца тренери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП