2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛеонардо Жардим го продолжи договорот со Монако до 2020-та

Леонардо Жардим го продолжи договорот со Монако до 2020-та

Тренерот на фудбалерите на Монако, Леонардо Жардим, го продолжи договорот со шампионот на Франција до јуни 2020 година. Со ова е ставен крај на шпекулациите дека Португалецот ќе се пресели во Кина.

„Жардим има амбиции да продолжи со овој проект и да му помогне на клубот во неговиот развој“, се наведува во клупското соопштение.

Жардим има 42 години, а во Монако ги мина последните три сезони. Сезонава тој успеа да ја прекине четиригодишната доминацијата на ПСЖ во првенството на Франција.

Исто така, Монако играше и во полуфиналето во Лигата на шампините, каде во двомечот беше елиминиран од Јувентус.

Монако за наредната сезона остана без главниот креатор на играта, Бернардо Силва, кој се пресели во Манчестер Сити. Во преодниот рок можно е Жардим да остане без уште неколкумина фудбалери, а најголем интерес клубовите покажуваат за Бакајоко, Фабињо и Мбапе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП