1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ спречен во одбраната на титулата на Ролан Гарос

Ѓоковиќ спречен во одбраната на титулата на Ролан Гарос

Австриецот Доминик Тим го декласира бранителот на титулата на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ, и избори пласман во полуфиналето на вториот гренд слем во сезоната.

Тим, кој е седми на АТП листата, за два часа и 16 минути го „прегази“ Ѓоковиќ, кој на младиот австриски тенисер успеа да му пружи отпор само во првиот сет.

Тим во своето прво полуфинале во кариерата, на гренд слем турнирите, ќе игра против деветкратниот освојувач на Ролан Гарос, Рафаел Надал, на кого сонародниот Пабло Карењо-Буста му го предаде четвртфиналниот меч по 52 минути игра.

Инаку, Ѓоковиќ со поразот во четвртфиналето на Ролан Гарос го загуби и второто место на АТП листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП