6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛука Циндриќ од 2018 се сели во Киелце

Лука Циндриќ од 2018 се сели во Киелце

Информацијата на хрватските медиуми дека Лука Циндриќ ќе се пресели Киелце во средата доби потврда и од редовите на полскиот шампион.

Еден од хероите на Вардар, во походот на европската титула, во Скопје ќе остане и наредната сезона, а дел од Киелце официјално ќе стане на 1 јули 2018 година.

„Се работи за играч од висока класа, тоа го потврди и на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Лука ќе биде достоен заменик на Урош Зорман. Мислам дека со Деан Бомбач ќе бидат најдобриот плејмејкерски тандем во светот“, рекол за клупската интернет страница претседателот на клубот, Бертош Сервас.

Циндриќ со Киелце потпишал тригодишен договор.

Инаку, во редовите на Киелце од наредната сезона ќе игра десниот бек на Вардар, Алекс Душебаев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП