20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Црвените ѓаволи“ нудат 60 милиони евра за Мората

„Црвените ѓаволи“ нудат 60 милиони евра за Мората

Реал Мадрид ја одбил понудата од 60 милиони евра, која Манчестер Јунајтед ја испратил за напаѓачот Алваро Мората, пренесе „Скај Италија“.

Според истиот извор, во понудата не бил вклучен и голманот на Манчестер Јунјатед, Давид де Хеа, а Реал за Мората побарал 89,3 милиони евра.

Алваро Мората во штотутку завршената сезона со Реал ја освои Ла Лига и Лигата на шампионите, а постигна 20 голови во сите натпреварувања.

Наводно, Мората во договорот со Реал имал откупна клаузула од 100 милиони евра.

„Скај Италија“ тврди дека доколку Манчестер Јунајтед не успее да го реализира трансферот на Мората, тогаш ќе се насочи кон напаѓачот на Торино Андреа Белоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП