22 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВо Еврокупот ќе има три места за клубови од АБА лига

Во Еврокупот ќе има три места за клубови од АБА лига

Еврокупот ја најави новата сезона во која регионалната кошаркарска АБА лига ќе има три тима.

Според позициите од минатата сезона трите тима кои изборија пласман во Еврокупот се Цедевита, Будуќност и Партизан.

Покрај АБА лигата, во Еврокупот со по три тима ќе бидат застапени Франција, Италија, Турција и Германија, додека Грција, Израел, Литванија и Полска добија по едно место. Еврокупот ќе врачи и три специјални покани за учество во ова натпреварување.

Кошаркарскиот Еврокуп во сезоната 2017/2018 ќе брои 24 екипи, но системот на одигрувањето на натпревари ќе биде ист како и минатата сезона кога се натпреваруваа 20 екипи.

Исто така, Еврокупот обезбедил поголем буџет за клубовите кои ќе заработат и од продажбата на телевизиските права на натпреварите.

Како и секоја година освојувачот на Еврокупот ќе избори директен пласман во Евролигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП