6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрај на репрезентативната кариера на Арда Туран

Крај на репрезентативната кариера на Арда Туран

Најголемата ѕвезда на турскиот фудбал, во овој момент, Арда Туран објави крај на репрезентативната кариера. Последен меч кој го одигра за националниот тим беше синоќешниот против Македонија во Скопје.

Турција, во понеделникот гостуваше во Скопје во пријателски натпревар кој заврши 0:0, а Туран како капитен ја предводеше својата репрезентација 60-тина минути.

Потоа во авионот Туран предизвикал сериозен инцидент, кога најпрвин вербално навредил новинар, а потоа се обидел и физички да се пресмета со него.

Националниот сојуз поради инцидентот реши да го исфрли капитенот од репрезентацијата, а потоа тој објави крај на кариерата во националниот тим.

„Ја напуштам репрезентацијата, нема повеќе да играм за Турција. Тажно е, но нема да жалам поради одлуката. Играв за Турција во сите возрасни категории. Ја сакам својата држава, своето знаме и репрезентацијата. Многу пати се жертвував, но сега е готово“, рекол Арда Туран.

Ововј фудбалер за Турција настапил на 96 натпревари, на кои постигнал 17 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП