27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПалермо пред банкрот

Палермо пред банкрот

Гордоста на Сицилија, фудбалскиот клуб Палермо, чии дрес го носат Македонските Илија Несторовски и Александар Трајковски, ја напушти Серија А, но тоа изгледа е најмалиот проблем на клубот, бидејќи како што пренесуваат италијанските медиуми клубот се соочува со банкрот и би можел да престане да постои.

Обвинителството во Палермо покренало истрага против клубот поради згоемените долгови. Клубот го напушти претседателот Маурисио Зампарини, замина и спортскиот директор Никола Салерно, а клубот го презеде Пол Бачаљини, меѓутоа тој не ги реши проблемите, клубот има долг од 120 милиони евра.

Локалните медиуми пишуваат дека истрагата е во тек, дека не се очекува клубот веднаш да банкротира, но тврдат дека таквото сценарио е реално, бидејќи приходите на клубот ќе бидат намалени со играњето во Серија Б.

Клубот би можел да биде спасен само доколку во најскоро време биде продаден, а медиумите информираат дека веќе има разговори за такво нешто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП