Ракометарите на Вардар, новите спортски херои, по историскиот успех во неделата и освоeнaта титула на завршниот турнир во Келн, се вратија во Скопје.
На пистата на аеродромот „Александар Велики“, од авионот прв излезе капитенот Стојанче Стоилов, а по него Македа, Дибиров, Душебаев, Штербик, Чупиќ, тренерот Раул Гонзалес, а пехарот во рацете го носеше Илија Абутовиќ.
Од аеродромот „Александар Велики“ автобусот со ракометарите оди кон влезот на Скопје и ќе се движи по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев, зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.
Оттаму шампионите ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.
Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар“ да пристигнат на плоштадот „Македонија“, преку Порта „Македонија“.
Пречекот на ракометарите ќе биде организиран на плоштадот „Македонија“.