Овен (21.03 – 20.04)
Имате потреба да се докажувате во сите деловни сфери, но и во приватниот живот, па затоа можноста за грешки е голема. Посветете им повеќе внимание на потребите на партнерот.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе добиете помош од една Шкорпија. Ве очекува ден во кој ќе направите доста корисни работи. Во љубовта ви се допаѓа некое лице кое секојдневно го среќавате, па денес соберете храброст да му го покажете тоа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Можни се големи промени на финансискиот план. Не дозволувајте некој да ве потиснува. Љубоморни сте и тоа сосема отворено го покажувате. Саканото лице смета дека грешите и претерувате.
Рак (22.06 – 22.07)
Можете да очекувате дека среќата ќе ви се насмевме. Може да ви се исплати и некој мал ризик кој сакате да го преземете со цел да заработите. Во љубовта ве очекува ново познанство, оние во врска или брак ќе бидат во стабилни односи.
Лав (23.07 – 22.08)
Препреките пред вас не ви влеваат надеж. Некој ќе ве провоцира се додека не дознае се што го интересира. Би било добро да бидете колку што можете подискретни, бидејќи ќе паднете во немислост кај оние од кои на некој начин зависите.
Девица (23.08 – 22.09)
Верувајте во себе. Единствено така ќе постигнете се што сте замислиле. Саканото лице би сакало да му посветите повеќе внимание. Приредете му некое романтично изненадување.
Вага (23.09 – 22.10)
Ве очекува значително поволен паричен период. Инвестирајте пари во нешто корисно. Партнерот полека започнува да има доверба во вас. Немојте да го изневерите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Бидете внимателни и не решавајте го проблемот со повишување на тонот. Обземени сте со себе и не забележувате што се случува со вас на работното место. Една помлада личност, на секаков начин се обидува да го привлече вашето внимание.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Преокупирани сте со различните обврски, па никако не можете да се опуштите. Време е подобро да го организирате своето време. За слободните почнува идеален период за љубов.
Јарец (22.12 – 20.01)
Загрижени сте за некои проблеми кои ви се случуваат. Време е да им се посветите посериозно. Во љубовта ситуацијата е одлична, не можете да се одвоите од партнерот.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ви се укажува прилика да запознаете некоја личност која многу ќе ви помогне во работата. Некој кој ве цени сака да ви излезе во пресрет. Вашиот шарм ќе дојде до полн израз, поради што добро ќе се чувствувате и ќе бидете задоволни од себе.
Риби (20.02 – 20.03)
Потребно е да имате повеќе трпение бидејќи некои проблеми кои ве мачат не можат да се решат преку ноќ. Сакате да го промените односот со саканото лице, но никако не се обидувате да му удоволите за ништо.