4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕвропските шампиони денес пристигнуваат во Скопје

Европските шампиони денес пристигнуваат во Скопје

Европските шампиони, ракометарите на Вардар, по историскиот успех во неделата и освоената титула на завршниот турнир во Келн, денес се враќаат во Скопје.

Пречекот на новите херои на нацијата ќе биде организиран на плоштадот „Македонија“.

Ракометарите со редовна линија на „Виз Ер“ полетаа од Дротмунд, а се очекува да слетаат на аеродромот „Александар Велики“ во 11.15 часот од каде што ќе се упатат кон влезот на Скопје и ќе се движат по булеварот Александар Македонски до хотелот „Континентал“, па лево кон булеварот Гоце Делчев, зградата на МРТВ и ТЦ „Мавровка“.

Оттаму шампионите ќе се движат лево по булеварот Крсте Мисирков, па по булеварот Кочо Рацин кон зградата на Црвениот крст, а оттаму десно на улицата 11 Октомври, кон Порта „Македонија“.

Во 13 часот се очекува ракометарите на РК „Вардар“ да пристигнат на плоштадот „Македонија“, преку Порта „Македонија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП