8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦиндриќ останува уште една сезона во Вардар, потоа заминува во Кјелце

Циндриќ останува уште една сезона во Вардар, потоа заминува во Кјелце

Лука Цидриќ еден од хероите на Вардар на патот до европската титула, според порталот „индекс“, договорил трансфер во Кјелце, екипа која „црвено-црните“ ја наследија на европскиот трон.

Лука Циндриќ со својот гол во последните секунди на дуелот со Барсeлона, го однесе Вардар во финалето, останатотo веќе е дел од најблескавите моменти во историјата на македонскиот спорт.

Според порталот „Индекс“, Циндриќ и во наредната сезона ќе игра во Вардар, а потоа од сезоната 2018/2019 ќе стане член на Кјелце. Средниот бек, со тимот кој го предводи Талант Душебаев и во кој од наредната сезона ќе игра Алекс Душебаев, договорил тригодишна соработка.

Инаку, за услугите на Циндриќ биле заинтересирани уште и Барселона, Веспрем и Рајн Некар Левен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП