18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧетворица од Вардар во Ол стар тимот, најубав е голот на Чупиќ

Четворица од Вардар во Ол стар тимот, најубав е голот на Чупиќ

Ракометарите на Вардар во неделата ја освоија титулата европски првак на завршниот турнир во Келн, па сосема е логично што „црвено-црните“, доминираат во изборот на ЕХФ за најкорисен играч на турнирот, во идеалниот тим и во категоријата Топ 5 најубави голови.

МВП титулата ја понесе голманот на Вардар, Арпад Штербик, кој ја освои својата четврта титула европски првак.

Во идеалниот тим на завршниот турнир место имаше за четворица играчи на новиот европски првак: голманот Штербик, левото крило Дибиров, десниот бек Душебаев и десното крило Чупиќ. Тимот го комплетираат средниот бек на Веспрем Палмарсон, левиот бек на ПСЖ Хансен и пивотот на Веспрем Нилсон.

Вардарците Циндриќ и Чупиќ ги имаат најубавите голови на Ф4 турнирот, а во категоријата Топ 5 одбрани Штербик го има двапати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП