3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси го бара Ди Марија во Барселона

Меси го бара Ди Марија во Барселона

Анхел ди Марија, играчот на ПСЖ, по Реал Мадрид би можел да го облече дресот и на вториот шпански великан Барселона. На трансферот на Ди Марија, според шпанските медиуми, инсистирал најдобриот играч на Барселона, Лионел Меси.

Анхел ди Марија во периодот од 2010 до 2014 година го носеше дресот на Реал, потоа мина една неуспешна сезона во Манчестер Јунајтед откаде замина во ПСЖ. Меѓутоа, во Париз не се премногу воодушевени од она што тој го дава на теренот, поради што не би го сопирале неговиот трансфер.

Нејасно е само колку ќе треба Барселона да плати за Аргентинецот, но се претпоставува дека станува збор за сума помеѓу 40 и 50 милиони евра.

Ди Марија би го пополнил местото на Арда Туран, кој сигурно во овој преоден рок ќе замине од „Ноу Камп“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП