Овен (21.03 – 20.04)
Добро и позитивно влијание имате на деловната околина. Тоа ви помага да бидете уште посилни. Не сте претерано задоволни со љубовниот живот. Можна е осаменост. Чувајте се од настинки.
Бик (21.04 – 21.05)
Важно е да не бидете брзоплети и да не го губите интересот за новитетите. Прекрасно се однесувате со партнерот, а и тој со вас. Можна е појава на очен притисок.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Потрудете се околу партнерот и покажете малку повеќе љубов. На полето на кариерата нема да се соочите со проблеми. Честите деловни патувања ќе ви донесат поголема заработка.
Рак (22.06 – 22.07)
Ова е одличен викенд да успеете во сите сфери. Врската ви влегува во мирни води а партнерот се труди на различни начини да ве убеди во чувствата. Немате причина да не му верувате. Опасност може да се јави ако претерате со трошење.
Лав (23.07 – 22.08)
Ве следи чувство дека за се сте слабо информирани. Потрудете се да го пронајдете идеалниот партнер за себе. Ќе се чувствувате среќно и задоволно. Имате лоша навика, се расфрлате на сто страни, а ништо не реализирате.
Девица (23.08 – 22.09)
Ќе бидете многу задоволни доколку зграбите некоја добра прилика и ако најдете заеднички јазик со некој. Релативно бурен љубовен живот, особено ако се занимавате со работа во која често патувате.
Вага (23.09 – 22.10)
Пријатен викенд во кој прекрасно се чувствувате и заборавате на се со што сте опкружени. Дружење со некој друг Рак дополнително ќе ве олабави. Тој постојано ве прогонува, така што нема да можете да се ослободите од него. Внимавајте на слатките, намалете ги.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Не сакате кога морате сами да раководите во деловниот живот а притоа да бидете стоги кон соработниците. Личноста родена во знакот на Риби ве обожува. Забавете малку, чувајте си го здравјето.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Со сите сте во добри односи, а тоа ќе ви отвори повеќе врати. Во љубовта времето е ваш сојузник, затоа бидете трпеливи. Имате нагласена потреба да ја докажете својата страственост и своите способности.
Јарец (22.12 – 20.01)
Потрудете се дел од вашите мани да ставите под контрола, преголемата амбициозност може да ви донесе само негативни влијанија. Затрупани сте со разни обврски, па немате време за љубов, партнерот се чувствува запоставено.
Водолија (21.01 – 19.02)
Во деловниот живот премногу сте оптеретени. Претерувате кога велите дека не ја чувствувате повратна љубов од саканото лице. Вашата нервоза ја пренесувате на другите околу вас.
Риби (20.02 – 20.03)
Доколку ви е важен партнерот, повеќе разговарајте со него. На соработниците не им беа јасни вашите предлози, но ситуацијата се менува. Повеќе од сигурно е дека ќе заминете на пат со саканата личност.