11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед го купи Перишиќ за 52 милиони евра

Јунајтед го купи Перишиќ за 52 милиони евра

Крилниот играч на Интер, Иван Перишиќ се сели во Манчестер Јунајтед, откако клубот ја прифатил понудата од 52 милиони евра.

„Газета дело Спорт“ објави, а информацијата ја пренесоа сите италијански медиуми, дека Манчестер Јунајтед двојно ја зголемил понудата за Перишиќ, а трансферот ќе биде реализиран во наредните денови откако спортскиот директор на Интер, Валтер Сабатини ќе се врати од Кина.

Челниците на Манчестер Јунајтед решиле да ја зголемат понудата за Перишиќ бидејќи во текот на вчерашниот ден Антоан Гризман, кој беше главната цел на Жозе Мурињо, објави дека ќе остане во Атлетико.

Според италијанските медиуми Перишиќ ќе потпише тригодишен договор, а годишно ќе заработува седум милиони евра.

Со овој трансфер крилниот играч станува најскапиот хрватски фудбалер во историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП