11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКатарина Булатовиќ кариерата ќе ја продолжи во Русија, во екипата на Ростов

Катарина Булатовиќ кариерата ќе ја продолжи во Русија, во екипата на Ростов

Катарина Булатовиќ, десниот бек на РК Будуќност, кариерата ќе ја продолжи во Русија, во екипата на Ростов.

Будуќност еден од најдобрите женски ракометни клубови во Европа, започна со целосна реконструкција на тимот. Откако Кристина Неагу потпиша за Букурешт, Кинга Ахрук за Лублин, а Драгана Цвијиќ за Вардар, клубот објави дека заминува и Катарина Булатовиќ и тоа во шампионот на Русија, Ростов.

Булатовиќ во кариерата има освоено четири титули во Лигата на шампионите, две со Будуќност и по една со Слагелсе и Ѓер, а има и трофеј во Купот на куповите (2010 со Будуќност).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП