ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал со лесна победа избори пласман во четвртото коло на Ролан Гарос

Надал со лесна победа избори пласман во четвртото коло на Ролан Гарос

Рафаел Надал експресно избори пласман во четвртото коло на Ролан Гарос. Во третата рунда Шпанецот го декласира Николоз Басилашвили со 6:0, 6:1, 6:0.

Деветкратниот освојувач на Ролан Гарос, од првиот до последниот поен, со својата игра направи Грузиецот да изгледа како рекреативец.

Шпанецот за 90 минути игра мина низ третото коло, а во наредната рунда го очекува дуел со сонародникот Роберто Баутиста-Агут, кој исто така со максимален резултат го порази Чехот Јиржи Весели.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП