10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГризман сепак ќе остане во Атлетико

Гризман сепак ќе остане во Атлетико

Антоaн Гризман решил и наредната сезона да го носи дресот на Атлетико Мадрид. Оваа одлука на напаѓачот е резултат на вчерашната одлука на Судот за спортска арбитража, кој на Атлетико му ја потврди забраната за трансфери во претстојниот преоден рок.

Најдобриот стрелец на Атлетико, на својот менаџер му наложил да го извести Манчестер Јунајтед дека нема да се пресели на „Олд Трафорд“ ова лето, иако трансферот беше блиску до реализиција.

Гризман смета дека заминување во овој момент, кога клубот не може да носи засилувања, би било рамно на предавство.

Антоан Гризман пред три сезони од Реал Сосиедад, за сума од 30 милиони евра, пристигна во Атлетико. Минатата година тој беше најдобар играч и стрелец на ЕП во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП