10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСалах се договорил со Ливерпул, на потег е Рома

Салах се договорил со Ливерпул, на потег е Рома

Ливерпул е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Рома, Мохамед Салах. Египќанецот нема ништо против да се пресели кај Јирген Клоп, но прашање е дали Рома ќе ја прифати понудата на Ливерпул.

Мохамед Салах, еден од најдобрите играчи на Рома во изминатите две сезони, нема ништо против да се врати во Премиер лигата.

Ливерпул е заинтересиран за неговите услуги и на Рома и понудил сума од 32 милиони евра за крилниот напаѓач.

Англиските медиуми пишуваат дека Салах се договорил околу личните услови (плата од 4,5 евра по сезона), но трансферот го кочи Рома чии челници бараат осум милиони евра повеќе од сумата која ја понудиле од Ливерпул.

Салах сезонава настапи на 41 натпревар, а со 19 голови беше втор стрелец во тимот на Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП