2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 05.06.2017

Дневен хороскоп 05.06.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Не ви се допаѓаат нечии критики или двосмисленоста во деловните преговори. Саканото лице влијае негативно на вас. Позборувајте за тоа.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Личноста која има негативен став за вашите идеи нема да го промени своето мсилење. Но не и обрнувајте внимание. Во љубовта испланирајте романтична забава за двајца.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребно е да го процените најдобриот момент за ефикасна акција. Вашето емотивно задоволство зависи од тактиките кои ги применувате кон саканото лице.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Не се грижете премногу за работата. Проблемите кои ви се случиле не се страшни. Престанете да ја проверувате саканата личност, со тоа ништо не добивате. Релаксирајте се.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Се обидувате да подвлечете појасна граница меѓу доброто и непрофесионално однесување. Меѓутоа, личноста која ви задава дополнителни проблеми нема да се откаже од своите намери. Сега е добар момент да промените некои правила во однесувањето со саканото лице.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Имате доволно енергија и се залагате за забрзано темпо на работење. Потребно е да го одредите вашето место меѓу соработниците, така што успешно ќе функционирате на повеќе страни во исто време. Наметнувајте ја идеата која носи ефикасни резултати.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Доколку се наоѓате во осетлива фаза, препуштете им на соработниците да се позанимаваат со покомплицираните задачи. Мора да имате добра проценка за тоа кој може да ве замени во одлучувачкиот момент. Обидете се да ја поместите границата на толеранција.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Нема потреба да ве поведат лажните впечатоци или некој да ве прелаже со погрешната приказна за деловните можности. Доколку трпите неуспех променете ја својата деловна позиција во правец кој повеќе им одговара на вашите цели и интереси.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Конечно колегите и надредените ги забележале вашите квалитети и вашиот придонес во компанијата. Денес во љубовта ќе делувате незаинтересирано, а тоа ќе ги одбива припадните на спротивниот пол.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Многу поволен период за работа. Искористете го паметно. Вие сте многу грижлива личност. На партнерот му значи вашата поддршка повеќе од што можете да замислите.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Кај секој соработник барате нешто по што тој би бил посебен и вреден за вашето внимание. Понекогаш претерувате во тоа. Преиспитајте се себе си и својот однос. На околината и здосадило да ви удоволува.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Одличен ден за напредок во сите нивоа и во сите дејности. Партнерот ви е поддршка за се, само треба да го слушате што ви зборува. Оние кои се сами наскоро ги очекува интересно познанство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП