15 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВориорс ги декласираа Кавалирс (видео)

Вориорс ги декласираа Кавалирс (видео)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс водат со 1-0 против Кливленд Кавалирс, во финалната серија во НБА лигата. Изминатата ноќ, Вориорс ги декласираа Кавалирс со 113-91 во својата „Оракл арена“.

Голден Стејт со тимска игра го скриши отпорот на актуелните шампиони, а победникот го реши во третата четвртина која заврши 33-10.

Кошаркарите кои во отсуство на Стив Кер, од клупата ги предводи Мајк Браун, во првите три четвртини остварија 26 тимски асистенции и имаа само четири загубени топки. Килвленд потфрли во одбраната, а на крајот Леброн Џејмс имаше двојно повеќе загубени топки од целиот тим на Голден Стејт.

Кевин Дурент доминираше во првиот дел, а во третата четвртина доби поддршка и од Стеф Кари, кој во оваа четвртина уфррли четири тројки.

Кевин Дурент мечот го заврши со 38 поени и по осум скокови и асистенции, додека Стеф Кари оствари „дабл-дабл“ од 28 поени и 10 асистенции и шест скокови.

Нејефикасен кај Кливленд беше Леброн Џејмс со 28 поени и 15 скокови, осум асистенции, но и осум загубени топки. Кајри Ирвинг постигна 24 поени, но играше лошо во второто полувреме, додека Кевин Лав забележа 15 поени и 21 скокови.

Наредниот натпревар се игра на 8.јуни, а домаќин повторно ќе биде Голден Стејт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП