10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКирјос и Бердих не го минаа второто коло на Ролан Гарос

Кирјос и Бердих не го минаа второто коло на Ролан Гарос

Томаш Бердих и Ник Кирјос се најзвучните имиња кои не го минаа второто коло на тенискиот гренд слем, Ролан Гарос. Второто коло го мина првиот носител Енди Мари, кој по голема борба го елиминира Словакот Мартин Клижан.

Томаш Бердих, во три сета, потклекна пред талентираниот Рус Карен Качанов (53 на АТП листата).

Качанов во секој сет направи по еден брејк што му беше доволно да слави со 7:5, 6:4, 6:4.

Во наредната рунда Качанов за противник ќе го има Џон Изнер. Американецот во второто коло беше подобар од италијанскиот тенисер Паоло Лоренци.

Талентираниот Австралиец Ник Кирјос одигра четири сета и за 159 минути загуби од искусниот Јужноафриканец Кевин Андерсон.

Андерсон го загуби првиот сет 5:7, но потоа нанижа три 6:4, 6:1, 6:2.

Енди Мари одигра тежок меч против Мартин Клижан, на теренот мина три часа и 35 минути и славеше во четири сета. Инаку Клижан во четвртиот сет имаше водство 5:3 и сервис, но Мари успеа да се врати, а потоа во тај брејкот да го заврши мечот.

Британецот, кој минатата година играше во финалето, победи со 6:7, 6:2, 6:2, 7:6.

Од фаворизираните тенисери втората рунда ја минаа Нишикори, Монфилс, Чилиќ, Дел Потро, Вавринка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП