3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед повторно се интересира за Матиќ

Јунајтед повторно се интересира за Матиќ

Играчот на Челзи, Немања Матиќ, во летниот преоден рок би можел да се пресели во Манчестер Јунајтед, пренесува „Индипендет“.

Манчестер Јунајтед, односно менаџерот Жозе Мурињо и минатото лето се обидоа да го реализираат трансферот на Матиќ, но српскиот репрезентативец, сепак, остана во синиот дрес.

Според „Индипендет“, сега ситуацијата е поинаква бидејќи Челзи планира да го донесе Тиму Бакајоко од Монако, што значи дека Матиќ нема да има загарантирано место во стартната постава на Челзи.

Матиќ наводно веќе разговарал со Мурињо, а сега прашањето е дали Челзи сака да го продаде српскиот репрезентативец.

Мурињо ги цени играчките квалитети на Матиќ, токму во неговиот мандат во Челзи Србинот во јануари 2014 година од Бенфика се врати на „Стенфорд Бриџ“.

Во својот втор мандат во Челзи, Матиќ со клубот освои две титули во Премиер лигата и една во англискиот Лига куп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП