17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНО„Граѓаните“ платија 40 милиони за голманот на Бенфика

„Граѓаните“ платија 40 милиони за голманот на Бенфика

Трансферот на голманот на Бенфика, Едерсон, во Манчестер Сити, кој португалските и англиските медиуми го најавуваа изминатите денови, доби потврда во четвртокот. Едерсон со „граѓаните“ потпишал петгодишен договор.

Талентираниот бразилски голман, 23-годишниот Едерсон, официјално е нов член на Манчестер Сити, но не успеа да го собори голманскиот трансфер рекорд.

Сити за Едерсон на Бенфика ќе ѝ плати 40 милиони евра, а португалскиот тим ќе добие и 50 отсто од неговиот нареден трансфер. Трансфер рекордот кога се во прашање голманите сè уште останува во сопственост на Џанлуиџи Буфон, за кого пред 16 години Јувентус на Парма ѝ плати нешто повеќе од 50 милиони евра.

Едерсон за Бенфика одигра 58 натпревари и во просек примал по 0,7 голови по натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП