21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија назадуваше за три позиции на ФИФА листата

Македонија назадуваше за три позиции на ФИФА листата

Во пресрет на пријателскиот дуел со Турција и квалификацискиот со Шпанија, фудбалската репрезентација на Македонија назадуваше за три позиции на ФИФА листата.

Во дуелите со овие две репрезентации Македонија ќе влезе од 136. позиција на ФИФА листата.

Од противниците на Македонија во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија, најдобро е рангирана Шпанија, на десеттото место, а потоа следуваат Италија (12), Израел (55), Албанија (66) и Лихтенштајн (186).

Кога станува збор за селекциите кои се во Топ 10, лидер е Бразил, а по него следуваат Аргентина, Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП